Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера вечер оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш. Тој на средбата истакна дека економијата тоне, а граѓаните осиромашуваат, а сето тоа е резултат на лошата економската состојба која ја спроведува владата на Заев и СДСМ.
-Состојбата е алармантна. Се поголемо е незадоволството кое што е резултат на погрешните политики на СДСМ. Нови 566 милиони евра задолжување, само од почетокот на годината до сега, за два ипол месеци, односно по 1.200 евра секое семејство го задолжија, а притоа БДП се намалува, што значи дека СДСМ не се задолжуваат за да создадат раст кој што понатаму ќе го враќа ова задолжување, туку се задолжуваат за да платат неспособни политики кои ги спроведуваат, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните го објасни ребалансот на Буџетот кој што го направи СДСМ, каде што ветиле дека со тој ребаланс ќе порасне економијата за 2,6%, па во ноември министерот за финансии, Тевдовски изјави дека нема да бидат 2,6%, туку 1,6%.
Мицкоски ваквиот начин на неодговорно работење на министрите од владата на СДСМ смета дека е на штета на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија.
-Им рековме дека ги анализираме параметрите и дека нема да излезе ниту 1,6% раст, туку 0%. На крај излезе нула, со што владата на СДСМ погреши за вкупно 160 милиони евра, констатираше Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ги окарактеризира Тевдовски, Заев и Анѓушев за трио цунами кое и се случува на Република Македонија во моментот.
-На македонското стопанство му се случува патент цунами економија, патент Заев, Тевдовски, Анѓушев, тоа е тројката која го носи економското цунами во Македонија поради кој граѓаните осиромашуваат се повеќе. Затоа потребни се промени кои ќе донесат подобро. Ако незнаат, а гледаме дека незнаат, ние знаеме како и ќе ја извлечеме државата од оваа бездна во која ја втурнуваат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)