Висар Вишка на денешниот протест пред влада, на кој граѓаните бараат правда за смртта на малиот Алмир, тврди дека се собрале да протестираат заради трулата правда во Македонија.
-Срамно е пред наши очи органите на правдата убиството да го преквавлификуваат во престап во сообраќајот. Овде сме за да кажеме дека нема да го дозволиме тоа.Правда за Алмир мора да има. Бобан Илиќ изврши убиство. Обвинението треба да гласи според доказите, а не според нечии наметнати гледишта. Случајот за Алмир ќе биде правично воден ако судската постапка започне одново и ја водат некорумпирани судии надвор од Куманово. Ќе бидат поднесени кривични пријави против јавната обвинителка, невропсихијатарот. Исто така бараме разрешување на судијката, не ги прифатила клучните докази и сведоци – истакна Вишка.
На протестот, граѓаните побараа одговорност од премеирот Зоран Заев и неговата влада, разрешување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, како и разрешување и одговорност на судијката Маја Денковска, која според Вишка, не ги прифатила клучните докази за случајот. Тие побараа разрешување на сите јавни обвинители Ацо Колевски, Башким Бесими,Бодан Лазаревски, Ферат Елези, Исмаил Дарвишта, Лилјана Спасовска, Анита Топаловска, Влатко Георгиевски…
-Бараме итно разрешување на јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој носи идентични одлуки со Марко Зврлевски. Дозволивте правдата да ја делат истите корумпирани обвинители и судии кои повторно го убија Алмир – додаде Вишка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.