Убав ден за да се помине во шопинг, посебно кога купувате бебешки алишта, креветче, количка и сѐ што е потребно за да го дочекаме најновиот член во фамилијата, кој со нетрпение го очекуваме и ни доаѓа наскоро – изјавува актерот Висар Вишка за „Кирилица“.
Неговата свршеница, водителката Елена Митева, е во блажена состојба. Елена и Висар се свршија во август минатата година за време на летувањето во познатото летувалиште Валона во Албанија. Сега актерот, кој, покрај со глума, е преокупиран и со пробите и снимањата на новото ТВ шоу „Танц со ѕвездите“, секое слободно време го користи заедно со идната мама Елена да одберат и да купат сѐ што му е потребно на новиот член на семејството Вишка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.