Македонскиот актер Висар Вишка од неодамна ќе може да го гледаме на малите екрани во друштво на регионални и холивудски ѕвезди.
Имено, Вишка се појавува како еден од главните ликови во втората сезона на американската криминална ТВ-серија „Легенди“. Вишка својот актерски талент како еден од главните ликови ќе го покаже во осум од вкупно десетте епизоди од втората сезона. Во серијата главен лик е холивудската ѕвезда Шон Бин, кој на нашата публика ѝ е познат од блокбастерите „Господар на прстените“ и „Троја“, а глумеше и во првата сезона на „Игра на Престолите“.
Вишка во серијата глуми Чеченец. Инаку, серијата се прикажува секој понеделник на каналот „Фокс“, а се работи за криминалистичка трилер серија. Приказната е базирана на книгата „Легенди: роман за дисимилација“ од Роберт Лител. Бин го игра главниот лик Мартин Одам, таен агент на ФБИ кој го менува идентитетот за секој нов случај. Епизодите се снимени во Калифорнија, Прага и во Париз.
Во серијата играат повеќе актери од регионот, меѓу кои и српскиот актер Никола Ѓуричко.
Висар Вишка е роден на 17 јануари, 1977 година, во Гостивар, Македонија. Тој е актер и писател, познат по Шангај Џипси (2012), Балканската чаршија (2011) и Боли ли? Првата балканска догма (2007).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.