| четврток, 6 декември 2018 |

Со Шарапова, од Вимблдон се прости и нејзиното момче Димитров

Марија Шарапова испадна во втората рунда на Вимблдон, а подалеку не стигна ниту нејзиното момче Григор Димитров. Бугарскиот тенисер го загуби продолжението од мечот против Грега Жемља со 9-11 во гемови во петтиот решавачки сет, за пораз и елиминација со 2-3 во сетови. Дуелот вчера беше прекинат поради дожд, а денеска се доигра.

На Димитров не му помогна ниту поддршката од Марија, која претходно сензационално загуби од Мишел Ларчер де Брито со 2-0 во сетови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top