Комисијата за верификација на фактите го лустрираше и Славко Јаневски, еден од најголемите македонски писатели, јавува „Телма“.
Последната одлука на Комисијата за верификација на фактите се однесува на поранешен академик и писател. Иако лустраторите не го кажуваат неговото име, според назнаките кои се дадени дека станува збор за академик и писател познат по делото „Селото зад седумте јасени“, чие досие го носи името „Славјан“, објави „Телма“.
Јаневски бил истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар, а споменатиот негов роман е првиот роман на македонски јазик.
Покрај него, лустрирани се уште 15 лица. Еден од оваа група лустрирани е починат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.