Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе одржи Редовно годишно собрание.
Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, ќе поднесе експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2017 и 2018 година“.
Потоа ќе се усвојуваат Извештајот за работата на МАНУ во 2017 година и Програмата за работа на МАНУ во 2018 година.
Како што е најавено, секретарот на МАНУ, академик Леонид Грчев, ќе има излагање за финансиските планови на МАНУ во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.