| четврток, 6 декември 2018 |

МАНУ и БАН во Софија на заедничко чествување на св. Кирил и Методиј

Делегација на МАНУ предводена од претседателот Таки Фити, на 10 и 11 мај ќе престојува во Софија, во Бугарската академија на науките, на заедничко чествување на сесловенските просветители – св. Кирил и Методиј, информира Академијата.

– Заедничкото чествување на празникот Св. Кирил и Методиј стана традиција и е интегрален дел од програмата за научна и културна соработка меѓу двете академии. Чествувањето на големото дело на св. Кирил и Методиј, покрај празничен, сѐ повеќе добива и работен карактер. Во тие рамки, на 10 мај, во Институтот за економски истражувања на Бугарската академија на науките, ќе бидат претставени два научноистражувачки проекта реализирани од страна на МАНУ и БАН. Едниот проект, објавен на македонски и на бугарски јазик, ги третира прашањата поврзани со последиците од европската должничка криза врз интеграциските процеси на двете земји. Другиот проект е кофинансиран од ИПА- програмата на ЕУ и се однесува на градење капацитет за иновативност и конкурентност на претпријатија од Северниот плански регион на Република Македонија и од Ќустендилската област на Република Бугарија- соопшти МАНУ.

Од таму додаваат дека во просториите на БАН, еминентниот бугарски писател академи. Антон Дончев ќе го претстави преводот на бугарски јазик на романот „Балканвавилонци“ од академик Луан Старова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top