Со победа од 27-24 против Алжир, македонските ракометарки го избегнаа последното место и фенерот на Медитеранските игри во Турција и во деби-настапот завршија како деветто пласирани.
Робертина Мечевска и Наташа Младеновска со по 6 гола беа најефикасни на средбата, а Душица Ѓорѓиевска постигна 5 погодоци.
Претпоследната позиција на женскиот ракометен турнир е големо разочарување за нашите ракометарки, со оглед на квалитетот на составот кој замина во Турција. Од ракометната федерација на Македонија најавија дека не се задоволни од работата на селекторот Гино Стрезовски, па се очекува тој да биде сменет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


