Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека ќе ги продолжи разговорите со Албанците со цел да се пронајде компромисно решение за „косовско-метохискиот јазол“, бидејќи на Србија не и се пишува добро доколку не се реши тој проблем.
-Ќе ги продолжам разговорите со Албанците без оглед на тоа што ништо не им верувам. Немаме друг избор. Мораме да најдеме компромисно решение, а ако не биде такво – компромисно, тогаш нема ни да има решение – изјави Вучиќ на прес-конференција во Србија.
Тој додава дека ако треба 20 часа ќе го образложува компросмисното решение за косовско – метохиското прашање, а потоа народот сам да одлучи дали е во право или не. Тој на прес-конференција го покажа Бриселскиот договор, истакнувајќи дека шест од 15 точки на тој договор останале „мртви букви на хартија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста