| четврток, 6 декември 2018 |

„Тресна“ и остана жив: Заев овојпат се посрамоти пред Турците, прекрстувајќи го турскиот премиер!

Премиерот Зоран Заев во последно време има многу густ распоред на посети и средби, па од тој негов „силен распоред“ веќе почна да заборава со кого се се видел. Така почна да ги меша и имињата на државниците со кого остварил средби.

Последниот негов гаф беше забележан вчера по средбата со МАТТО Стопанската комора на Македонија и Турција, кога премиерот успеа да се посрамоти дури и пред турските бизнисмени.

Имено Заев заборавил со кого се сретнал при неодамнешната посета на Турција, па дури и му го заборавил името на турскиот премиер Бинали Јилдирим, кого го нарече Илдирај.

Новата легендарна изјава на македонскиот премиер е на 1:40 во видеото во продолжение:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top