| четврток, 6 декември 2018 |

Фрчковски: Цената на ароганцијата на ДУИ за Законот за јазици ќе ја плати СДСМ

Професорот Љубомир Фрчкоски во вечерашното гостување на телевизија 21 рече дека ДУИ покажала ароганција и нечувствителност при инсистирањето сега и ваков каков што е, да се усвои Законот за јазиците.

-Постои извесна ароганција на ДУИ, која сите ги изнервира. Начинот на кој го буткаа Законот покажа една таква нечувствителност. Таквиот пакет на „земи или остави“, а соочена со такви очигледни слаби решенија во Законот, цената за тоа ќе го плати нивниот политички партнер СДСМ, кој храбро застана зад нив и го избутка сето тоа, но истовремено начинот на кои се однесуваа тие, нема политичко оправдување, рече Фрчковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top