Храбро 8 годишно девојче го расплака целиот свет откако ја оживеа нејзината “ноќна мора”. Лили Харисон е девојчето кое беше една од стотиците млади лица кои беа дел од терористичкиот напад во Манчестер за време на концертот на пејачката Аријана Гранде.
Девојчето кое беше погодено во грбот и нејзината мајка Лорен Торп им го скршија срцето на гледачите откако храбро и искрено прозборија за “4 денови кои ја шокираа Британија”.
Опишувајќи го моментот кога бомбашот уби 22 лица, Лорен рече:
“Се погледнавме долу и Лили беше на подот. Почнавме да трчаме и Адам(таткото на Лили) ја држеше на своите гради и ја стави раката на нејзиниот грб и ја почувствува дупката на нејзината кожна јакна, додека таа велеше “тато не се чувствувам добро, навистина не се чувствувам добро”.
Тие успеале да истрчаат до паркингот и во нивниот автомобил ја легнале малата Лили, која изгубила свест и за прв пат ги воочиле страшните повреди.
Мајката раскажува како девојчето беше облеано во крв како некој да истурил црвена боја врз неа, за момент помислиле дека ќе умре, момент кој беше тежок да се прифати, но со оглед на повредите мислеле дека многу брзо ќе допре до поголемите органи и дека нема да се извлече.
Но, Лили беше одведена во болница каде ѝ биле направени снимки кои покажаа дека куршумот ја погодил во рамото кој потоа се пренесил во грбот. Ѝ била направена опрација, а после тоа ја запрашала мајка ѝ:
“Зошто тој го направи тоа Мама?”, а за интервјуто додава: “Понекогаш не можев да спијам, бидејќи беше многу темно”.
Веднаш после експлозијата, Луси била одведена на железничката станица каде се обидувала да остане будна, гледајќи во таванот.
“Се сеќавам дека на тавнот имаша мапа и јас гледав во Англија и ако започнував да “лебдам”, пак продолжував да се гледам во Англија.”
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)