| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведува Трамп јуниор (Видео)

Доналд Трамп јуниор и неговата сопруга Ванеса Трамп се разведуваат после 12 години брак
„Секогаш ќе имаме огромно почитување еден за друг и за нашето семејство. Имаме пет прекрасни деца заедно и тие ќе останат нашиот најголем приоритет“ – наведено е во заедничкото соопштение на Доналд и Ванеса.

Веста прв ја објави „Њујорк пост“, кој извести дека до развод ќе дојде наскоро.

Трамп јуниор (40) е најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп и извршен потпретседател во организацијата на Трамп. Ванеса Трамп (40) е поранешна манекенка.

Инаку, Трамп јуниор неодамна се најде во центарот на вниманието поради наводното руско мешање во изборите во САД и тајните состаноци на Трамп јуниор со еден адвокат поврзан со Кремљ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top