| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот спортист брутално ја претепа својата девојка, ја влечеше по скали, ја удираше со тупаници, ја шамараше (вознемирувачко видео)

Безбол играчот Данро Васкез доби отказ од клубот за кој игра, откако се појави снимка на која брутално ја претепува својата девојка. Спортистот од Венецуела уапсен е откако сигурносните камери го регистрирале екстремното насилно однесување на Васкез.

-Немавме избор, моравме да го отпуштиме! Никој во клубот, вклучувајќи ме и мене, не може да толерира вакво однесување – рекол менаџерот на Ланкастер во кој настапувал насилникот.

Полицијата дошла по насилникот два дена по инцидентот, меѓутоа обвинувањата се отфрлени, бидејќи платил парична казна и ќе иде на групни советувања кои му се пропишани со закон.

-Да, го видовме видеото. Секогаш кога маж ќе повреди жена е ужасно. Се надевам дека тоа веќе нема да се случува. Се надевам дека Васкез нема веќе никого да повреди – рекол обвинителот Марк Гонзалес, кој го водел случајот.

Останува сомнежот дека на ваквите како Васкез, разговорите може да им помогнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top