| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на бракот: Се разведува синот на Доналд Трамп

Повозрасниот син на американскиот претседател Доналд Трамп – Доналд Трамп Помладиот се разведува од својата сопруга Ванеса, со која се ожени во ноември 2005 година. Тие имаат пет деца на возраст од 3 до 10 години, соопшти „Организацијата на Трамп”.

– По 12 години брак решивме да се разделиме. Секогаш ќе имаме голема почит еден кон друг и кон нашите семејства. Имаме пет прекрасни деца и тие остануваат наш приоритет, се вели во заедничкото соопштение на партнерите, кои имаат по околу 40 години.

Ванеса, со моминско презиме Хејден, вчера поднела судска молба за „разделба со заемна согласност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top