| четврток, 6 декември 2018 |

Здравкица ќе стане мајка и се сели во Србија

Водителката Здравкица Билбиловска, која е во петтиот месец од бременоста, по само неколку месеци врска, минатата недела се омажи за Воислав Милиќ, во српскиот град Смедеревска Паланка.

Венчавката во матично ја прославија со ручек за најблиските во Србија, а свадбата за повеќе гости е закажана за во септември, во Скопје, во ресторанот „Турена“, пренесува „Вест“.

– Од телевизиските ангажмани се повлеков, најнов проект ми беше емисијата „Мојата свадба“, па почнав да се подготвувам за мојата свадба. Ја осмислувам венчаницата и избирам музика. До октомври ќе се дружам со слушателите на радио „Метрополис“, а потоа ќе се посветам на семејството. Со Војо се договоривме да живееме во Србија, наесен се селам од Скопје – изјави таа за весникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top