Стотина граѓани се собрале пред домот на пратеникот на СДСМ од Велес, Панче Иванов, за да протестираат поради тоа што тој гласал за законот за двојазичнот, јавуваат за Република граѓани кои се наоѓаат на лице место.
Како што информираат и синоќа неколку десетина граѓани својот револт го искажале пред домот на Иванов, но вечерва бројката била поголема.
Пред домот на Иванов е забележително и засилено присуство на полиција.
-Неговиот дом го обезбедува кордон од дваесетина полицајци – јавува нашиот извор.
До редакцијата на Република пристигнаа и две аматерски фотографии на кои може да се забележат граѓани пред домот на Иванов.
Како што дознаваме, незадоволните граѓани на сличен начин, преку мирни протести пред домовите на пратениците го искажуваат своето незадоволство и во другите градови.
Инаку, kордони со полиција и вечерва се поставени пред домовите на пратениците од СДСМ кои вчера гласаа за законот за двојазичност, дознава Република од терен.
Полициското присуство е дополнително засилено од синоќа а полицијата вечерва го обезбедува и седиштето на СДСМ во Скопје како и штабовите на партијата низ градовите.
Во исто време, пратеникот од власта Ферид Мухиќ изјави дека заедно со останатите колеги од СДСМ се договориле денеска да се кријат дома и да не ја иритираат јавноста.
-Со колегите пратеници се договоривме да седиме дома. Нема да побарам заштита, предраматично е да се размслува и да се зборува за ова. Најлошо е што може да има сериозни елементи, за кои треба да се размисли. Немав заштита изминатата вечер, но се договоривме да не се движиме многу во јавност, за да не иритираме – изјави Мухиќ.
Црно на бело: Сите пратеници што гласаа ЗА двојазичност во Македонија (комплетни собраниски списоци)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)