| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува притисокот врз новинарите, Талат Џафери брутално ги навреди новинарите и камерманите

Талат Џафери, од вчерашната прес-конференција по повод нелегалното носење законот за двојазичност брутално ги навредуваше медиумските работници и игнорантски се однесуваше со нив во текот на целата пресконференција.

Џафери, сосема несвојствено за лице носител на јавна фунцкија се расправаше со новинарите и дрско им се обраќаше, при што во повеќе наврати не им дозволуваше да му упатуваат прашања и ги прекинуваше во сред прашање.

Дрскоскаста и безобразлукот на Џафери кулминираше кога истиот на еден медиумски работник му се обрати со зборовите : „Ти држи камера тука и тоа може да го правиш.“

Овој дрзок гест на Џафери е уште еден обид да се деградира новинарската професија и да се загрози слободата на говор. Изминатава недела јавноста беше сведок како новинарот и претседател на ЗНМ беше на удар на закани на фамилијата на високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, поради што голем број на новинари организираа и протест пред владата. Претставниците на власта се обидоа да го задушат протестот и да го амортизираат револтот со присуство на истиот.

Пред ова јавноста беше сведок како советник на министерот за култура навредуваше телевизија со национална концесија.

На удар на власта се и сопствениците на медиумите. Имено сопственикот на неделникот „Република“ беше осуден на условна казна затвор за напишан текст.

И после сите овие притисоци и обиди за заплашување на наовинарите станува јасно дека власта не сака слободни медиуми и новинари кои професионално и чесно ќе си ја вршта својата работа, туку медиуми под контрола на власта.

Ова е само продолжување на односот на СДСМ кон новинарите и медиумите. Јавноста беше сведок како лично Зоран Заев од опозиција ги навреди медиумите и ги нарече негови најголеми политички непријатели.

Ваквиот однос на СДСМ не запре и по преземањето на власта, а следејќи ги последните случувања може да се заклучи дека СДСМ сеуште ги третира медиумите како непријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top