| четврток, 6 декември 2018 |

МВР со детали за запаленото возило на пратеничката: Го скршиле стаклото, па го полеале возилото

Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера бил запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ. Според полицијата настанот се случил синоќа околу 01.30 часот во Виница на улица „Славчо Стојменски“.

-Непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило „Сеад Леон“ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот- велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top