Двата шпански фудбалски гиганти Барселона и Реал Мадрид ќе играат меѓусебе во полуфиналето на шпанскиот национален куп, откако ги елиминираа Малага, односно Валенсија во двата четвртфинални дуели. За место во големото финале ќе играат и Севилја против Атлетико Мадрид.
Барселона вечерва во реваншот ја победи Малага нагости со 4-2 и со вкупен резултат од 6-4 мина понатаму. Педро, Пике, Иниеста и Меси стрелаа прецизно во вистинското гол-шоу на „Ла Росаледа“ арена. Малага не успеа да го преточи добриот резултат од првиот меч (2-2) во конечен успех и пласман во полуфиналето. Хоакин и Круз беа стрелци за домаќините, вечерва.
Претходно Атлетико Мадрид со реми 1-1, ја задржа предноста против Бетис од првиот меч во Мадрид кога популарните „јорганџии“ славеа со 2-0.
Вчера, Реал Мадрид на идентичен начин како и градскиот ривал мина во Валенсија. Реваншот на Месталја заврши нерешено 1-1, што му дава можност на кралскиот клуб од Мадрид (победи со 2-0 во првиот дуел) да игра против Барселона за финале. Севилја со 4-0 славеше против Сарагоса, откако првиот меч заврши без голови.
Полуфиналните пресметки се на распоред на 30. јануари и на 27 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


