| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети викаше „Бадинтер!“, Џафери бегаше: Законот за јазиците изгласан откако Талат ја затвори седницата (ВИДЕО)

Бегајќи од тензичната атмосфера во пленарната сала на Собранието на Република Македонија, која се создаде како резултат на незадоволството на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што власта ѝ фрли пепел и на последната трошка надеж дека од Македонија ќе биде држава, претседателот на Собранието Талат Џафери, избега и од процедурата за гласање.

Законот за употребата на јазиците беше изгласан на индијански начин, спротивно на Деловникот, со прекршување на сите деловнички процедури за гласање.

Како течеше гласањето

„Бадинтер, Бадинтер“ – објавена снимка од гласањето на Ахмети (ВИДЕО)

Од спикерското столче Талат Џафери објави дека со 64 гласа „за“ е усвоен Законот за јазиците, без да каже дека се гласа по Бадинтеровиот принцип, и брзо-брзо ја затвори 32. седница и се обиде да ја напушти салата. Откако пратениците на ДУИ му сугерираа дека гласањето мора да се одвива по Бадинтеровиот принцип, Џафери се врати на своето место и без да отвори седница, да каже за кој закон се гласа, ниту кои пратеници треба да гласаат, објави дека со 24 гласа на малцинствата, односно на Албанците, законот (?) е изгласан.

Со ова по којзнае кој пат Џафери го прекрши највисокиот акт на Собранието, Деловникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top