Изградбата на првиот аквапарк во Скопје е веќе при крај и неговото отворање ќе биде најдоцна до средината на јули, ни раскажа директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски. Се привршуваат тобоганите, се мести и детскиот парк, односно малиот остров инспириран од „Пиратите од Карибите“ наменет само за детската игра.

Ратко Капушевски
Аквапаркот ќе работи во две смени и тоа од 10 часот наутро па до 17:30 часот, кога ќе се празни од посетители за да се направи полчасовно чистење и подготовка на персоналот за втората смена, која ќе почне од 18 часот и ќе трае до полноќ.
Билетот ќе чини 300 денари, за деца до четири години ќе биде бесплатно, а ќе има и семејни пакети и попусти, чијашто цена сè уште не е дефинирана.
Аквапаркот, пред сè, ќе биде наменет за водените лудории и забава, па нема да се организираат големи музички настани, пред сè поради хигиената, која, како и безбедноста, ја ставаат на прво место. Но, сепак, интимните свирки нема да изостанат.
Во аквапаркот ќе се отворат 35 работни позиции. 15 од нив ќе бидат спасители со лиценца, кои имаат соодветно образовние од Факултетот за физичка култура. Другите позиции се за редари, за угостителски дејности во кафулињата и за ресторанот и за санитарна грижа на објектот. Конкурсот за пополнување на работните места, како и за закуп на ресторанот и на кафулињата ќе биде отворен викендов, а посебна комисија ќе ги одбира кандидатите за спасители.
Овој проект е под покровителство на Владата на Република Македонија, која одвои 4,2 милиони евра за негова реализација. Градежните работи ги изведува градежната фирма „Жикол“ од Струмица, турската фирма „Полин“, која зад себе има околу 2.000 проекти од ваков тип низ светот, како и фирмата „Електро унион – Скопје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


