| четврток, 6 декември 2018 |

Нутела кармин за усни

Карминот за усни Nutella е идеална комбинација за сите љубители на шминката. Станува збор за кармини произведени од страна на брендот Beauty Bakerie.

Новите кармини се претставени под името Nude-tella. Постојат четири различни нијанси, кои имаат четири различни имиња: Nudi-Tea, Skinny Dip, Birthday Suit и Bake it Naked.

Сите кармини имаат неутрални нијанси и поседуваат мат-текстура, а што е најважно, сите мирисаат како вкусната и неодолива Nutella.

Кармините се водоотпорни, долготрајни, не содржат парабени и глутен, а се одлични и за вегани. На фотографиите можете да забележите дека тие навистина изгледаат одлично, а секоја жена со сигурност ќе го обожува нивниот мирис.

Основачот на брендот Кашмер Никол имала за цел да направи кармини кои се идеални за жените со темен тен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top