Италијанскиот чоколаден гигант „Фереро Груп“ бара 40 дегустатори.
Нивната работа ќе биде да ги пробуваат суровините од кои се произведува светски познатиот течно чоколадо на компанијата – „Нутела“, како и други чоколадни производи.
Досега тоа се прави од страна на вработените на „Фереро“, но од компанијата решиле овој пат да ја доверат оваа задача на обични луѓе кои немаат ништо заедничко со производството на чоколадо.
Тие ќе треба да пробаат какао, прав од лешник и други полу-готови производи од кои се прави течната магија.
60 кандидати-дегустатори ќе бидат обучени во бесплатен тримесечен курс за обука, почнувајќи од септември.
Тие треба да научат да ги искажуваат своите впечатоци додека ги дегустираат и тренираат своите сетила.
Од нив, 40 луѓе ќе бидат избрани за да добијат договор со компанијата, гарантирајќи им 4 часа работа неделно.
Нивното работно место ќе биде во градот Алба, каде што се наоѓа седиштето на „Фереро“ во северна Италија.
„Фереро Груп“ е третиот по големина производител на чоколади во светот. Компанијата има 22 производни капацитети и над 30.000 вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.