| четврток, 6 декември 2018 |

Нутела го измени рецептот – потрошувачите лути!

Нутела повторно е на удар на критиките на потрошувачите – овојпат бидејќи го измениле рецептот.

Потрошувачите се огорчени и ги критикуваат Фереро роше дека го промениле рецептот за нивниот омилен крем од лешници.

Потврдата од Фереро роше дојде откако се забележани промените од германската групација за заштита на потрошувачи. Кремот ќе содржи повеќе шеќер, а со тоа и полесно ќе се мачка на леб. Имено, во новата Нутела ќе има млеко 8,7 отсто (наместо 7,5 отсто) и зголемено количество шеќер – наместо досегашните 55,9 отсто, сега Нутела ќе содржи 56,33 отсто. Десетици илјади потрошувачи на социјални мрежи искажаа свое несогласување поради измените во кремот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top