| четврток, 6 декември 2018 |

Балетот „Александар Македонски“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамките на „Скопско лето“, вечерва во Македонската опера и балет во 20.30 часот ќе се изведе македонскиот балет „Александар Македонски“ по музика на Љубомир Бранѓолица, кој својата премиера ја имаше пред неколку месеци. Кореографијата е на Роналд Савковиќ од Хрватска, либретото е на Бранѓолица и на Савковиќ, а за костимите е задолжен Александар Ношпал. Балетот ќе се изведе под диригентство на Борјан Цанев, а улогите ги толкуваат: Јован Веселиновиќ од Србија (Александар), Александра Мијалкова (Роксана), Ивана Коцевска (Олимпија), Бобан Ковачевски (Хефестион)…

Во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, пак, во 21 часот ќе биде поставена изложба на Мултимедијалниот центар од Гевгелија, на која ќе бидат претставени дела од Ирена Којкова-Пејовиќ, Вангел Срнаков, Иван Калчев, Оливера Томиќ, Ангел Миов…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top