Беќир Асани, „проблематичниот“ член на огранокот на ДУИ од Чаир кој деновиве е особено актуелен во јавноста, негира дека му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, и вели дека само го навредил.
Имено, Беќири неодамна во интервју за „Мактел“ го нарече Селмани „копиле“ и „жена“, по што новинари и граѓани излегоа на протест пред Владата, нарекувајќи се сите „копилиња“ и повикувајќи ја Владата да ги замолчи насилниците.
– Јас му реков дека е копиле и пак повторувам дека е копиле, ништо повеќе. А што се однесува до тоа дали добил некаква закана од мојот брат, јас немам такво сознание. Тука не станува збор за ДУИ, ниту пак за Владата, чиј дел е ДУИ. Јас не можам да говорам во име на овие два органи, но уште еднаш ќе повторам дека јас зборувам исклучиво во мое име, вели Асани во изјава за ТВ 21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)