| четврток, 6 декември 2018 |

Евертон му удри „рампа“ на Манчестер ј. за Лејтон Бејнс

Евертон не го дава капитенот Лејтон Бејнс, а Манчестер јунајтед е клубот што е заинтересиран за услугите на левиот бек на „карамелите“.

„Бејнс останува на „Гудисон парк“, а Манчестер јунајтед ќе мора да си побара друг играч“, велат од Евертон. Приказната е интересна бидејќи Дејвид Мојс сега е тренер на „црвените ѓаволи“ од Манчестер, а таму пристигна од клупата на Евертон. Добро ги познава квалитетите на Бејнс, па оттаму е желбата на Јунајтед за ангажман на капитенот на „карамелите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top