| четврток, 6 декември 2018 |

Рома е како Бостон селтикс, сите играчи се на продажба

Легендарниот НБА-тим, Бостон селтикс, им дозволи на своите ѕвезди Пол Пирс и Кевин Гарнет да си заминат од клубот, а вистинска паралела со одлуката на раководството на тимот од Бостон направи Џејмс Палота, претседателот на Рома.

„И ние сме како Бостон, со одредена отштета сите играчи можат да си заминат од Рома. Тоа се однесува и на репрезентативецот Де Роси“, изјави Палота. Де Роси има годишна плата од 6 милиони евра и тоа се чини е преголем товар за буџетот на „римската волчица“, која нема настап во ЛШ, втора година по ред.

Челси беше заинтересиран за ангажман на Де Роси, а отштетата за Рома би била околу 25 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top