Во авионската несреќа која вчера се случи во Иран, животот го изгуби Мина Басаран, богата наследничка на семејството Басаран и ќерка на тајкунот Хусеин Басаран, која кон средината на наредниот месец требаше да се омажи за Мурат Гезер, успешен бизнисмен, исто така од Истанбул.
Турскиот печат често пишувал за Мина и нејзиниот свршеник Мурат, бидејќи двајцата биле млади, богати и многу успешни во своите работи, а биле и познати лица на турскиот џет сет.
Така било и во октомври минатата година кога е организирана голема забава во хотелот Сохо Хаус во Истанбул, кога парот се свршил. Требаше да се венчаат на 14 април годинава.
Мурат Гезер е сопственик на компанијата „Метпринт Принтинг Системс“ која се занимава со дизајн и производство на метална амбалажа, а работи ширум Европа, Блискиот Исток и Африка.
Гезер течно зборува англиски и германски јазик, а студирал на американскиот Универзитет Интер Континентал.
Трагичната несреќа која се случи блзиу техеран, ги прекина сите палнови на малдиот апр за заеднички живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.