Турската актерка Нургул Јесличај по снимањето на 52. епизода од серијата „Парампарче“ одлучува да ја напушти серијата.
Актерката огорчено за јавноста открива дека за време на снимањето на популарната серија, која за кратко време стана вистински хит кај нас, била жртва на мобинг, односно дека трпела психичко малтретирање од стана на нејзиниот партнер во серијата, актерот Еркан, кој во серијата го глуми ликот на Џихан, а кај нас се прослави и како капетан Али.
Според пишувањата на медиумите, Ѓулсерен ќе ја напушти серијата во екот на популарноста барајќи од продуцентот да го „убие“ нејзиниот лик со што таа ќе може да го поништи договорот и да престане со снимањето на епизодите. Таа ја донела одлуката затоа што имала големи несогласувања со Еркан поради неговиот конзервативен став кон жените, па поради тоа големиот дел од романтичните сцени помеѓу актерите е дело на фотомонтажа, а не реалност.
Чашата се прелила кога актерот дрско и безобразно изјавил дека на Нургул ѝ е многу важно да ги снима сцените каде таа и тој треба да се бакнуваат.
Иако Еркан се обидел да го демантира тоа, актерката револтирана решила и да им се обрати на јавноста и на фановите дека ја напушта серијата:
– Сум глумела жена, љубовница, па дури и лезбијка. Улогата е моја обврска, а не полигон за изживување. Сакав да заминам. Не можев да останам повеќе ни ден. На Еркан му е дозволено да ме малтретира, цело време бев под голем психички притисок. Тоа е мобинг. И сите знаеа дека е така, но никој не реагираше. Во Турција сите се гледаат, но ја вратат главата кога на некого му треба помош, посебно ако е жена. Мажите ги имаат сите права, огорчено објаснила Јесличај, која по раскинувањето на договорот решава да се посвети на својот син Неџати, задоволствата на родителството, но и на Мурат со кого снима нова серија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите? (видео)
-
Снимена првата сезона од серијата „Македонија“ објавен е и трејлер