| четврток, 6 декември 2018 |

Koј е Александар, свршеникот на Јана?

Македонија не доби финале, но Александар Филиповски го доби најважното за него, раката на неговата девојка Јана Бурческа, со која наскоро ќе го добијат и првото дете.

„Евровизија 2017“ беше полна со изненадувања за Македонија. Прво, пред настапот на нашата претставничка, во најавното видео дознавме дека младата пејачка е бремена.

Веднаш по гласањето, а пред да се објават резултатите, се случи и првото евровизиско запросување. Филиповски клекна пред Јана и ја побара за жена пред цела Европа.

Но, пред вчерашното полуфинале, малкумина знаеја дека Јана е во љубовна врска. Скопјанецот Александар е всушност гитаристот од нејзиниот бенд „Оф битз“. Тој е и дипломец на Факултетот за физичка култура.

aleksandar jana

Јана и Александар се заедно скоро две години, а претходно таа неколку години беше во врска својот колега од „Македонски идол“, Виктор Апостоловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top