Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ решија да застанат на лудиот камен, а нивниот кум ќе биде Аца Пејовиќ.
Тие гостувајќи во специјалната емисија на „Гранд ѕвезди“ отворено зборуваа за тоа како и зошто го избрале познатиот пејач за кум. „Кога почнавме Александра и јас да излегуваме бевме на еден роденден на кој имаше многу пријатели од музичкиот свет. Ацо седеше спроти нас и не гледаше цело време, а во еден момент ми кажа ’Свадба, ти си готов!’ И тоа го повторуваше цело време. Не знаев што да му кажам, а во себе мислев на тоа дека се забавуваме одвај десет дена и дека ни на мене, ниту на неа свадба не ни паѓаше на памет. Но кога тргнавме да си одиме, Александра и јас му кажавме: ’Ако навистина биде свадба ти ќе ни бидеш кум’“, вели Филип во емисијата во која гостуваа сите заедно со Лепа Брена, а која можете да ја погледнете во продолжение.
glamur.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)