Ентони Бенет е првиот Канаѓанин што е избран како прв пик на кој било НБА-драфт, а втор играч на универзитетот УНЛВ кој е избран како прв пик, пред 22 години Шарлот Хорнетс, го избраа Лери Џонсон.
Канаѓанецот ќе игра за Кливленд кавалирс, а стана седмиот странец што е избран од првото место на драфтот по Мајкл Томпсон (Бахами, 1978), Хаким Олајџувон (Нигерија, 1984), Мајкл Оловоканди (Нигерија, 1998), Јао Минг (Кина, 2002), Ендрју Богут (Австралија, 2005) и Андреа Барњани (Италија, 2006).
Орландо избираше втор и се одлучи за Виктор Оладип од Индијана, кој е послаб шутер од Бенет, но е одличен во одбраната и има висок процент на реализација од линијата за три поени.
Трет пик беше Ото Портер од Универзитетот „Џорџтаун“, кој отиде во Вашингтон визардс.
Коди Зелер е највисокорангиран центар на овој драфт, него како четврти пик го избра екипата на Шарлот, петти пик е Алекс Лен и тој ќе игра следната сезона за Феникс Санс.
Филаделфија за шести пик го избраа Нерленс Ноел од Универзитетот „Индијана“, но веднаш беше трејдуван во Њу Орлеанс за ол-стар бекот Џру Холидеј.
Покрај драфтот се случи неверојатен трансфер. Тројца одлични играчи од Бостон селтикс се селат во тимот на Бруклин Нетс, тандемот Кевин Гарнет и Пол Пирс и искусниот плејмејкер Џејсон Тери. Во Бостон ќе заминат Џералд Волас, Крис Боганс и Крис Хамфриз, а додатно Бруклин на Бостон ќе му отстапи три пика од првата рунда во 2014, 2016 и 2018 година. Оваа зделка својот крај ќе го дочека на 10 јули. Според информациите, Пирс и Гарнет заедно во Нетс ќе заработуваат околу 28 милиони долари, односно Гарнет околу 12, а Пирс 16 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.