Наместо медиумската слобода која со години ја ветуваа, со доаѓањето на СДСМ на власт новинарите се соочија со класична цензура, навредлици закани и казни. Последниот случај со навредата на високиот владин функционер Бекир Асани упатен кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани само на дело покажува како оваа власт се однесува кон новинарите.
Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) ги повика новинарите утре во 12 часот за се соберат на протест пред Владата.
Причината за овој протест се “заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани. Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари”, пишува во повикот до новинарите и Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ:
“Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани, кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА!”
Цензура, закани и казни
Судската пресуда со која се казнува „Република“ со парична казна, а директорот и сопственик со условна казна затвор, без ниту едно одржано рочиште и без какво било известување дека е покрената кривична постапка, го сметаме за притисок и обид за замолчување..
„Република“ е казнета за текст, за кој прво е одредена глоба од страна на Дирекцијата за заштита на лични податоци, за потоа, истиот случај да добие и судската пресуда со парична казна, а директорот и сопоственик да добие условна казна затвор, и тоа без ниту едно одржано рочиште.
Сметаме дека ваквиот начин на постапување дека не може да се толкува поинаку освен како политички и судски преседан за вршење притисок.
Затечени се и правниците, кои коментираат дека ваков случај досега воопшто не било дел од судската пракса, бидејќи за исто дело медиумот веќе добил прекршочна казна изречена од Дирекцијата за заштита на лични податоци, која е веќе платена.
Меѓународните претставници во земјава запознаени со политичкиот притисок кој се врши врз „Република“
Со напиот случај веќе се запознаени меѓународните претставници во земјава, Народниот правобранител, Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, како и Советот за етика во медиумите.
Интересно е што посочените лица, во текстот „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“ не ја негираат содржината на текстот, ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Туку, проблематично било се објавени личните имиња на луѓе кои извршуваат јавни функции.
Цензура за Снежана Лупевска-Созен
Случајот на „Република“ не е единствен. Вчеравечер на својот профил на Фејсбук новинарката Снежана Лупевска-Созен објави дека „Телма“ ќе ја цензурира нејзината емисија „Код“, затоа што газдата на кавадаречката фабрика каде што се случиле трагичните настани обработени во новото издание на „Код“ извршил притисок во телевизијата.
– До вчера на телевизија одеше форшпан, а денеска не отиде приказната затоа што газдата на фабриката е до толку моќен што извршил притисок и во телевизијата не дозволија да се емитува баш таа приказна, која е многу потресна – вели Лупевска за „Фокус“.
„Вечерва се соочив со уште еден притисок кога бев информирана дека новата епизода на КОД нема да биде објавена во целост. Во емисијата ги прикажуваме трагичните судбини на двајца работници. Едниот од нив умрел во фабричката хала кога го згмечиле котури, а другиот останал без двете раце при повреда на машината на која работел. И двата случаји тапкаат низ судските лавиринти со години. Александар е мртов а Христијан е без рака, но се надева на вештачка за која во моментов нема финансиски средства. Почитувани пријатели, од етички, морални, но пред се човечки причини, решив, и покрај можните последици за мојата кариера и работа во телевизијата, на мојата ФБ страница да ја објавам целосната емисија, со првиот прилог, така како што беше направена и таква каква што требаше да ја погледнете. Јас останувам на страна на вистината и искрено се надевам и верувам дека оваа емисија ќе допре до сите вас и заеднички ќе им помогнеме на семејството на Александар, на Христијан“, се огласи Лупевска.
Неколку дена претходно премиерот Зоран Заев имаше средба со сопственикот на фабриката, на која се разговарало за новите можности за инвестиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)