| четврток, 6 декември 2018 |

Преку ноќ исчезна рајскиот остров во САД (Видео)

Новиот остров во Северна Каролина кој беше наречен ,,Шели “ преку ноќ исчезна.

Островот се појави во јуни минатата година како резултат на пореметувањето на плимата во Атлантскиот океан. За научниците овој феномен не е ништо ново , зашто велат дека преку ноќ островот и беше формиран .

Според Марк Додл од крајбежната стража на Кејп Хатерас станува збор за динамична област поради Голфската и Лабрадорската струја. Големиот песочен остров се формира на врвот на Кејп Поинт , со тоа што можел уште повеќе да се зголемува или пак да исчезне , како што и се случи.

Без оглед на краткиот век на островот , локалните жители и туристите уживаа на неговиот убав брег и ситниот песок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top