Помина точно една година од интервјуто на професорот Роберт Кили за Би-би-си.
Дотогаш анонимниот професор по политички науки од факултетот „Пусан нешанел“ во текот на сериозното интервју одговараше на прашања за состојбата во Јужна Кореја кога во собата му улета тригодишната ќерка, а по неа во дубак се појави и бебето-син. На крајот, зачини мајката која се обиде да ги тргне децата.
Снимката од интервјуто е прегледана десетици милиони пати, а Роберт Кели и неговото семејство станаа интернет ѕвезди.
Би-би-си се присети на интервјуто со твитот „помина една година откако светот стана подобро место“.
1 year ago today the world became a better place.#BBCdad pic.twitter.com/Q5I70XxT7T
— BBC (@BBC) March 10, 2018
Од тој момент Роберт Кили нема кој не го знае, а неговата ќерка Марион е вистинска ѕвезда. Оттогаш на Твитр Кели го следат илјадници луѓе, па за Божиќ срдечно им се заблагодари.
Merry Christmas. To all the people who follow me because of the video or my children, thank you. We are flattered by your kindness. pic.twitter.com/NmmqzozRWg
— Robert E Kelly (@Robert_E_Kelly) December 23, 2017
Професорот признава дека тој момент целосно му го променил животот.
„Искрено, мислев дека Би-би-си веќе никогаш нема да ми се јави, но станавме ѕвезди. Луѓе се фотографираат со нас, а папараци нè ловат додека пазариме“, признава во едно интервју.
Урнебесно: Кога децата ќе ти влетаат сред интервју на „Би-би-си“ (видео)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)