| четврток, 6 декември 2018 |

Десет години во подрум чувал сексуална робинка – Му родила две деца (видео)

Италијанската полиција го уапсила 52-годишниот Алоисио Франческо Росарио Џордано, под сомнение дека 10 години во подрум држел 29-годишна жена како сексуална робинка. Го фатиле откако полицијата го сопрела во автомобил, а на задното седиште забележале валкано дете. Побарале да видат каде живее детето и да ја запознаат неговата мајка, а кога пристигнале на адресата на Џордано, откриле хорор.

Во подрумот на куќата, во нечовечки услови, со лисици врзана за ѕид, живеела 29-годишна жена со две деца, од кои постарото, 9-годишниот син бил со таткото во автомобилот, а 3-годишното девојче било со својата мајка.

Алоисио веќе бил во затвор поради киднапирање, силување и мачење на 23-годишна девојка во 1999. година. Отслужил само пет години и бил ослободен поради добро однесување. Неговата последна жртва, се верува, била медицинска сестра на неговата, тогаш тешко болна сопруга. Тогаш имала само 19 години, а монструмот и понудил сместување по смртта на сопругата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top