| четврток, 6 декември 2018 |

75-годишен човек осомничен за поставената бомба во близина на џамија во Англија

Британската полиција уапси 75-годишeн човек осомничен за поставувањето бомба во близина на џамија.

Осомничениот бил приведен од антитерористичката единица во неговата куќа во градот Волсол во централна Англија.

Во експлозијата на бомбата што се случи минатиот петок никој не беше повреден, а беше причинета минимална штета. Полицијата го третираше случајот како „злосторство поради омраза“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top