Алијанса за Албанците ги нарекува игри активностите на коалициските партнери поврзани со Законот за употреба на јазиците. Лидерот на партијата, Зијадин Села вели дека овие две партии, и кога беа на власт во 2002-2006 не гласаа за овој закон предвиден со Рамковниот договор. Села уште еднаш потсетува дека сегашната влада е формирана врз условеност за донесување на Законот за употреба на јазиците и дека бројките на овој субјект го гарантираа мнозинство во Парламентот.
– Овие политички игри на СДСМ најмногу личат на нејзиното враќање на својот идентитет и својот извор. Законот за употреба на јазиците требаше да се донесе во 2004 година како нормативен дел од Охридскиот рамковен договор. Тоа се токму СДСМ заедно со ДУИ кои не го донесаа законот тогаш, рече за Алсат-М, Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците.
Села додаде дека во овие случаи, албанскиот партнер во коалицијата со СДСМ треба да ја разгледа својата позиција во власта.
– Ова е кршење на договорот и мажите во овие случаи се знае што треба да направат. Ако тие се мажи и се посветени во креирањето на политиката, ДУИ треба да се седнат и да разговараат за ова прашање со Зоран Заев, а ако не се усвои законот за употреба на јазиците треба да ја напуштат Владата, додава Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.