Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села попладнево по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар изјави дека не ја напуштат владината коалиција и оти верува дека со премиерот Зоран Заев повторно ќе се сретнат околу условите за нивното останување во коалицијата.
Села посочи дека на состанокот не се разговарало за излегување од Владата и оти раководството на партијата ги разгледала извештаите од локалните избори.
На состанокот било разговарано и за подготовките за партискиот конгрес којшто ќе се одржи во март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.