| четврток, 6 декември 2018 |

Зекири потврди дека СДСМ се меша во судството: Работиме на ослободување на многу Албанци

Заменик-претседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во телевизиската дебата “Клик Плус“ на 21тв, синоќа изјави дека многу невини Албанци во моментов се на издржување казна доживотен затвор, за кои се прават напори ова прашање да се реши онака како што беше решен случајот “Монструм”, каде што се ослободија обвинетите за овој случај и предметот беше вратен на повторно разгледување.

– Јас сум во тек и со другите случаи, и со случајот “Алфа “, и со случајот на Алмир и други случаи, и ние се обидуваме да направиме нешто, но мора да разберете дека постојат процедури кои мора да се почитуваат. Ние работиме во тој правец, ако нешто е приоритетно е владеењето на законот и на правото. Се ослободија обвинетите од “Монструм“, врз база на новите факти што беа дадени, истото треба да се случи со секој случај друг монтиран случај, а имам многу, секој нов момент кој ќе се даде како факт или аргумент за тие случаи треба да се земе предвид и треба да се вратат на повторно разгледување”, рече Зекири.

Тој исто така нагласи дека Законт за јазици ке биде изгласан таков каков што е без ниту една измена, избегнувајќи да му одговори на новинарот дали ќе гласаат за законот без оторање дебата за поднесените амандмaни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top