| четврток, 6 декември 2018 |

„Либералната“ левица и поддржувачите на ЛГБТ со навреди кон Зекири и жените од муслиманската заедница

Членови на СДСМ и активисти од самонаречената либерална левица вчера упатија низа жестоки навреди кон жените од муслиманската заедница и кон потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

Токму Зекири ја возбуди јавноста со цитатите од куранот за проколнување на хомосексуалци, како одговор на ставот на пратеникот на ДУИ Бранко Маноиловски дека треба да се легализираат истополовите бракови во Македонија.

Поради ова не изостанаа бура од коментари, меѓу кои имаше и такви кои се жестоки и невкусни, а се насочени кон практикувањето на традиционалните вредности на жените во исламската вероисповест. Па така, поддржувачите на СДСМ на жените кои носат марами и на мажите кои го поддржуваат тоа им порачаа да си одат во Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top