Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири деновиве е во центарот на вниманието, откако на барањето на Бранко Маноиловски од ДУИ за легализација на истополовите бракови, одговори со цитат од Куранот во кој се проколнуваат хомосексуалците и разбуди жестоки реакции на социјалните мрежи.
Но, ова не е прв пат тој да го искаже својот став на оваа тема. Во 2015-та година после одлуката на Врховниот суд на САД за легализација на истополовите бракови, потпретседателот на СДСМ Зекири напиша:
„За да кажат дека се во чекор со времето некои „Албанци“ немаат проблем и ПЕДЕРИ да станат. Повеќе тие се израдуваа и од самите ПЕДЕРИ во САД кои ги добија правата да склопуваат бракови помеѓу себе. Господ нека ве води!!!“
Зошто ги пишува Албанците со мала буква и во наводници, може само да претпоставуваме. Дали ставот на потпретседателот на СДСМ е дека ниту еден Албанец не смее да ги поддржува ЛГБТ правата, е прашање на кое само тој може да даде одговор – било преку изјава, или преку нов цитат од Куранот на фејсбук.
Уште едно прашање кое виси деновиве е како овој негов однос кон ЛГБТ заедницата ќе влијае врз СДСМ и гласачите кои ги поддржуваат.
Партијата се огради од ставот на нејзиниот потпретседател објаснувајќи дека Зекири има право на секој свој јавно искажан став, што е апсурдно и скандалозно имајќи предвид дека со ова СДСМ сака и да се додворува на ЛГБТ оградувајќи се од својот потпретседател, и да се додворува на анти-геј поддржувачите на Зекири не барајќи да ја повлече неговата изјава и изјавувајќи дека го има сето право на тој став.
Реагираа припадниците и поддржувачите на ЛГБТ заедницата кои ги потсетија во СДСМ дека тие учествувале и во кампот на СДСМ деноноќно пред влада и секој ден во шарената револуција на СДСМ, па се чувствуваат изневерени од ваквите ставови на потпретседателот на СДСМ.
Од друга страна поддржувачите на Зекири упатија низа жестоки навреди и закани кон ЛГБТ заедницата, а како поддршка за ставот на потпретседателот на СДСМ Зекири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.