| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид му оддржа лекција на ПСЖ и покажа кој е крал на Европа (видео)

Бранителот на титулата во Лигата на шампиони, екипата на Реал Мадрид и во реваншот од осминафиналето славеше победа над ПСЖ со 2-1 и со вкупни 5-2 се пласираше во 1/4 финалето на најелитното фудбалско натпреварување.

Првото полувреме помина во рамноправна игра, ПСЖ јалово се обидуваше да дојде во водство до кое поблиску беше Реал Мадрид. Резултатот беше отворен по шест минути игра во второто полувреме кога по асистенција од Лукас, Роналдо постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Верати направи голема глупост 15 минути подоцна, сосема непотребно протестираше кон судијата кој веднаш му покажа втор жолт картон, па ПСЖ остана со фудбалер помалку.Во 71. минута Кавани постигна среќен гол и го изедначи резултатот, но на десет минути пред крајот Касемиро исто така со многу среќа реализираше за победа на Реал Мадрид од 2-1.
Пласман во четвртфиналето обезбеди и Ливерпул кој одигра 0-0 на Енфилд против Порто, но во Португалија славеше со 5-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top