| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Брена ќе стане баба – Александра Пријовиќ е бремена?

Популарната двојка Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се верија пред неколку недели во Америка, а веќе се шпекулира за тоа дека младата пејачка е бремена.

Двојката, како и членовите на нивните семејства, ги потврдија подготовките за свадба која ќе ја надмине онаа на Брена и Боба, која некогаш беше наречена свадба на деценијата.

Тимот на “Папарацо лов” ја снимил младат заљубена двојка кога одела во црква каде што најверојатно закажале датум за свадбата, иако пејачката рече дека ќе се заколне на вечна љубов во јуни оваа година.

Сепак, тимот од претходно споменатото шоу веднаш ја снимиле Александра како оди во приватна гинеколошка клиника, поради што се верува дека е во блажена состојба. Во наредните денови се очекува потврда или негирање на оваа вест.

Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ судбоносното да ќе го изговорат годинава во јуни, а на венчавката како нивен кум ќе се појави колегата Ацо Пејовиќ, со кого минатата година Александра го сними дуетот „Литар вина, литар крви”.

Со оглед на долгогодишното пријателство помеѓу Ацо Пејовиќ и Филип Живоиновиќ, но и тоа што Александра и синот на Боба Живоиновиќ прв пат се бакнале на настапот на Ацо, изборот за кум паднал точно на него.

Родителите на Филип на големо ги подготвуваат деталите од забавата, а открија и дека нема да штедат кога се работи за ваков повод.

Пријовиќ вели дека во тоа и помага и мајка и Борка, како и свекрвата Брена, која Филип го гледа како син.

-Тука се семејствата да помогнат, а секоја конечна одлука ќе биде наша. Нивната поддршка многу ни значи. Најважно ми е да биде весело и сите убаво да си поминат. Тоа е она за што најмногу водам сметка, како и се да биде добро смислено за месец јуни, вели Александра за српски „Пулс”.

Како што пренесуваат медиумите, Филип за прстенот искеширал околу 20.000 евра, купен е во престижната јувелирница, а веста за веридбата ги шокираше и нивните најблиски луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top