| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајкуваат вработените во железницата и таксистите во Грција

Денеска во Грција повторно ќе бидат организирани штрајкови, овој пат на железничарите и на таксистите, пишува електронското издание „Катимерини“.

Во Атина таксистите нема да соообраќајат во период од девет часа, помеѓу 8 и 17 часот. Возачите протестираат против „нелојалната конкуренција“ на „Убер“. Синдикатот, што ги претставува таксистите изрази загриженост во врска со доцнењето во усвојувањето на нацрт-законот на Министерството за транспорт, насочен кон реорганизирање на секторот и надминување на иновативните платформи кои ги ограбиле таксистите и земјата.

Истовремено вработените во железницата преземат акција со 24-часовен штрајк, што ќе влијае на предградијата на Атина и метрото до меѓународниот аеродром во грчката престолнина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top