Американската пејачка Кортни Лав била нападната на аеродромот „Роаси – Шарл Дегол“ од разгневените париски таксисти коишто во престолнината на Франција денеска започнаа вистинска „револуција“, протест главно насочен против мобилната апликација која им ја одзема работата, при што според првичните информации се уапсени тројца таксисти.
-Тие го опкружија нашиот автомобил и во заложништво го земаа нашиот возач. Побезбедна бев во Багдад – напишала Кортни Лав на Tвитер изразувајќи го својот бес.
Под твитот американската пејачка постави фотографија, направена од автомобилот. Еден од прозорците на возилото е скршен, најверојатно, од напаѓачите, таксистите во чиишто раце според Лав имала метални шипки и бејзбол палки. „Франсоа Оланд, каде ти е полицијата? Законски ли е да се напаѓаат оние што ќе допатуваат“, се обраќа до францускиот претседател Кортни.
Таа потоа напиша дека платила на мотоциклист да ја извлече од блокадата, но наводно таксистите тргнале кон неа фрлајќи камења. Повеќе од 3.000 таксисти денеска штрајкуваа во Париз против „дива конкуренција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.