| четврток, 6 декември 2018 |

Таксистите му се пожалија на кавадаречкиот градоначалник: Инспекциите од Неготино не ни даваат да качуваме патници

Таксисти кои секојдневно сообраќаат на релација од Кавадарци кон Неготино и обратно, денеска му се пожалија на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на третманот што го имаат во Неготино.

– Ние секојдневно превезуваме патници, но сега неготинската инспекција, откога ќе однесеме патници натаму, не ни дозволува да земаме патници наваму, туку не тера да се враќаме празни, рекоа таксистите.

Јанчев им вети дека до понеделник нема да имаат никакви проблеми. Ги информираше дека е договорен состанок со неготинскиот градоначалник Тони Делков, на кој двајцата градоначалници ќе изнаоѓаат решение за проблемот.

Делков исто така за МИА потврдил дека е информиран за барањата на таксистите и нагласи дека ќе се разговара со Јанчев околу тоа да се надминат сите недоразбирања во интерес на двете општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top